–Во 2008 година биле регистрирани 342 наркозависници, во 2009 – 370, а во 2010 година, до овој момет, евидентирани се 388 уживатели на дрога, што претставува алармантен податок, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид и еден од координаторите на проектот „Дрога, вистини, заблуди“.
Во исто време се бележи намалување на наркозависници на возраст од 15-18 години, што според Димоски претставува охрабрувачки податок, бидејќи токму оваа популација е целна група на проектот во кој до сега се опфатени 25 000 ученици од основните и средни училишта и 9000 родители во 7 општини кои ги покрива СВР Охрид.
Активностите во борба против дрогата во ноември ќе продолжат со кампања во која ќе бидат вклучени познати личности од јавниот, спортскиот и културниот живот, а со поддршка на „Инфобиро“ ќе биде изработен флаер кој ќе ја прати кампањата.