Во септември 2015 се издадени 316 одобренија за градење, што е за 19,7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.182.150 илјади денари, што е за 6,2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 186 (58,9%) се наменети за објекти од високоградба, 50 (15,8%) за објекти од нискоградба и 80 (25,3%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 316 објекти, кај 189 (59,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 127 (40,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 376 станови, со вкупна корисна површина од 3.189 м2.

На подрачјето на Охрид во текот на месец септември биле издадени 10, а во Струга 5 одобренија за градење.

OhridNews