Првиот пациент (роден 1959) бил примен на клиниката на седми, овој месец со кашлица, мускулно-зглобни болки, треска и висока температура до 40 степени. По три дена од приемот во болницата настапило влошување на состојбата, со пад на нивото кислородот во крвта и поставен е на респиратор, но доцна синоќа е констатирана смрт. Исто така, вчера доцна попладне настапила смрт и кај пациентка, која била хоспитализирана на клиниката од 02.12.2009 година, поради висока температура до 40 степени, студ, трески, сува, кашлица потешкотии при дишење. Со последните два случаи, бројот на починати од новиот грип се искачи на 14.
Во текот на последните 24 часа на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани 7 нови пациенти сомнителни за инфлуенца А Х1Н1. Здравствената состојба на сите новопримени пациенти е стабилна, освен кај еден пациент чија здравствена состојба е потешка и поставен е на респиратор. На инфективното одделение во Воената болница се згрижени уште четири пациенти, сомнителни за инфлуенца А Х1Н1.