
Бројот на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 3.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 32.8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е зголемен за 4.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 26.8%.
Во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8.3%, а кај странските има зголемување за 17.6%.
Во периодот јануари – јули 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.6%, а кај странските има зголемување за 17.6%.
OhridNews











