Расте бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера го зафати северот на Италија. Според  последните информации најмалку 22 лица ги загубија животите во земјотресот со јачина од околу шест степени по Рихтер.

Земјотресот се почуствувал во североисточните области од Парма и бил со  идентична јачина со земјотресот, кој пред седум дена ги погоди североисточните делови на Италија, Регионот Болоња, Модена и Ферара, кога загинаа седум лица.

Спасувачите добиваат бројни повици и дојави за затрупани луѓе во местата Мирандола, Финале Емилиа и Сан Феличе сул Панаро. Кон погоденото подрачје упатени се десетина амбулантни возила, а телефонските линии во противпожарните служби и полицијата на тоа подрачје се блокирани заради многубројните повици.

Земјотресот се почуствувал и во Словенија и Хрватска.

Претходниот разорен земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер беше забележан во Италија во март 2009 година во градот Аквиља, кога загинаа 308 луѓе.

OhridNews