Италијанската репрезентација го освои бронзениот медал на Купот на Конфедерации. „Азурите“ во малото финале ја совладаа селекцијата на Уругвај на пенали 3-2 откако регуларниот дел и продолженијата завршија 2-2.


Италија со головите на Астори и Дијаманти на два пати имаше предност и во два наврати Едисон Кавани ја анулираше.

Во продолженијата репрезентациите не ризикуваа премногу и повеќе мислеа на сопствениот гол отколку на противничкиот.

Во пенал серијата Италија постигна три голови Аквилани, Ел Шарави и Џакерини, а единствено промаши Де Шилјо додека кај Уругвај непрецизни беа Форлан, Касерес и Гаргањо.

Мх.П.