До бронзениот медал во кадетната селекција стигна Бена Шерифоска во категорија до 48 килограми. Шерифоска во борбата за третото место ја совлада Канциента Елефтирана од Грција додека во 1/2 финалето претрпе пораз од Романката, Стоица Маделина. Амра Фејзула имаше забележителен настап на Балканското првенсво освојувајќи го четвртото место.
Во машка конкуренција најголем впечаток остави Садик Касимоски, кој беше на чекор од пласман во 1/2 финалето, но претрпе пораз од својот турски противник во четвртфиналето.
– Задоволен сум од настапот на сите репрезентативци. Повеќе очекував од девојките, но и бронзениот медал на Балкански шампионат не е мала работа. На повеќето од борачите ова им е прва година како кадети, а со сигурност тврдам дека џудото во Македонија има свелта иднина – рече селекторот Дејан Мицкоски.
Балканското првенство “Охрид 2013“ продолжува в недела со борбите во јуниорска конкуренција.