Охридската атлетичарка Марија Јованоска заедно со Кристина Јосифоска, Ајше Халили и Катерина Тимчева го освоија бронзен медал во штафета 4*400 метри на митингот кој се одржа во Нови Пазар, Србија на 15 и 16 јули.

Јованоска беше најмлада учесничка на митингот во Србија и со одличје го круниса својот добар настап. – Напорно и по два пати дневно тренирав изминатиов период да дојдам да стигнам до добар резултат кој ќе ми донесе медал. Поминав низ доста тежок период изминативе неколку месеци, но успехот во Нови Пазар беше награда за мојот вложен труд. Воопшто не беше лесно да се натпреваруваш со поискусни противнички, но и тука најдов мотиви, дадов максимум и ми е чест и задоволство што во одлично светло ја преставивме нашата земја. 

На митингот во Србија учествуваа уште двајца охридски атлетичари под боите на Македонија. Мартина Мироска со скок (5.61) заврши на 9-та позиција, додека Стефан Стефаноски го поправи својот личен рекорд во фрлање диск и сега изнесвуа 40.52 метри.

OhridNews