Популарното охридско музичко дуо Броз и Марама и Емилија Маринова, вечерва со емотивна објава го промовираа видео спотот за песната “Убава жена”, кој го реализираше прерано починатиот снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев.

Кристијан, другар нашиот последен проект го споделуваме во чест твоја. Ти благодариме за се што направи за нас. Нема збогум, нема чао секогаш беше, си и и ќе бидеш дел од нас.

Броз, Марама и Емилија.

Текстот за песната е на Владимир Сарафилоски, музиката е на Ѓорѓија Пирузе, аранжманот го направи Јовица Карали од К2 продукција, а видео продукцијата е на Кристијан Љушев кој трагично го загуби животот на 12 јануари во зграда во изградба во Охрид.

OhridNews