Симпатизерите на „нероазурите“ имаат причини за радост откако фудбалерите на Интер со 2-0 (0-0) го совладаа Милан и го задржаа победничкиот ефект после четири одиграни натпревари во италијанската Сериа А.

Интер беше далеку подобар ривал од Милан во градското дерби и заслужено ги освои трите бодови. Во првиот дел гостите на хартија имаа 2-3 прилики за погодок, но Џиџи Донарума со бравурозни одбрани спречи водство на Интер.

Расположениот Донарума капитулираше во петтата минута од второто полувреме. Хрватот Марсело Брозовиќ со помош на Леао го матираше голманот на Милан за почетно водство. „Росонерите“ после примениот погодок се отворија и нападнаа но Интер добро се бранеше. Во 79-та минута, Ромелу Лукаку зголеми на 2-0. Белгиецот после центаршутот на Барела го натскока својот чувар и ја смести топката во мрежата. Во финишот Милан се закани преку Тео Хернандез кој го совлада Хандановиќ но топката ја погоди стативата и излезе во гол аут.

Со трумфот во градското дерби Интер го задржа првото место во Сериа А. „Нероазурите“ имаат два бода предност во однос на Јувентус, кој во четвртата рунда со 2-1 славеше над Верона.

OhridNews