Во финалето на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп“ што по 27 пат се одржува во Волино, вечрва ќе се сретнат екипите на Брумел и Сатеска. Двете екипи покажаа цврстина и карактер во текот на турнирот, оттаму и очекувањата се дека финалето ќе понуди интересни моменти и возбудувања.

За Брумел ова е второ едно по друго финале, а екипата сака овојпат да отиде чекор понапред и да стигне до посакуваниот трофеј. Сатеска-Волино, пак, сака да ја искористи предноста на домашниот терен и да го заокружи добриот турнир со трофеј. Сепак само една екипа може да се искачи на тронот. Брумел или Сатеска? Одговорот ќе го дознаеме вечерва. Финалето се игра од 21:30 часот со директен пренос на Фејсбук платформата на турнирот “Богородица куп”.

Претходно во натпревар за третото место од 20:30 часот, ќе се сретнат екипите на Инекс Олгица и Чардак Велгошти.

Првопласираната екипа ќе инкасира 200 000 денари,  второпласираната 100 000, третата 30 000, а четвртата 10 000 денари.

Г.М.