По еднонеделна принудна пауза поради снегот кој го зафати охридското крајбрежје, повторно “бубамарата“ се тркалаше на стадионот “СРЦ Атина Бојаџи“. 
Во прволигшаката пријателска пресметка Охрид беше подобар од Напредок со 2-1. Далчески и Цаноски погодија за “рибарите“, додека стрелец на голот беше поранешниот играч на Охрид, Лазарески.
Денес на “Атина Бојаџи“ силите ќе ги одмерат Охрид Лоте и 11 Октомври.
M.П.