На митингот во Доњецк, пред очите на Сергеј Бубка францускиот атлетичар Ренолд Лавилени го сруши неговиот рекорд во скок стап поставен во далечна 1993 година. Лавинели во првиот обид ги прескокна „незамисливите“ 6,16, а аплаузи на отворена сцена доби и од Бубка, кој беше дел од организицијата на митингот.
Украинскиот ас во 2010 година беше амбасадор во Охрид кога за прв пат се одржа Атлетски митинг на нашите простори.
Мх.П.