Ова е формирање на Иницијативниот одбор кој претендираме во периодот кој претстои да  биде силна структура, која на идните претседателски или предвремени парламентарни избори, Алијансата за позитивна Македонија ќе ја направи втора најсилна политичка опција во Охрид, изјави Владо Бучкоски, на вечерашниот состанок на Иницијативниот одбор за формирање општински огранок на Алијансата за позитивна Македонија во Охрид.

Јас сум убеден дека врз основа на подготовките кои ги правиме, дека Охрид ја бара Алијансата за позитивна Македонија и дека овде имаме сродни души  и дел од охриѓани веќе тоа го препознаа.“ – истакна Бучкоски.

Тој потенцира дека Алијансата за позитивна Македонија ќе понуди опција која е блиска до обичните граѓани, очекувајќи дека на изборите охриѓани ќе покажат дека во Македонија може подобро.

Алијансата повторно се враќа на граѓанската опција. Јас не сакам со нашето дејствување некој да сфати дека правиме штета на Бакрачески кој многу го ценам, ниту на СДСМ која беше препознатлива по моите активности тука.“ – потенцира Бучкоски.

Претседателот на Алијансата за позитивна Македонија, Љупчо Зиков, истакна дека овие денови, во Охрид ќе профункционира локалната канцеларија на партијата како организациона единица на партијата.

Алијансата за позитивна Македонија вечерва е во Охрид, каде што ние треба да се сретнеме со поголема група граѓани кои треба да пристапат на партијата. Ова е дел од нашата стратегија како подготовка за претседателските, односно евентуални предвремени парламентарни избори.“ – истакна Зиков.

Според него, Охрид треба да го напушти стариот концепт за развој на туризмот, бидејќи градот има капацитет за привлекување на странски гости во текот на сите 365 денови во годината.

На светската мапа Охрид е познат како културно-историско место. Меѓутоа сметам дека 60-70 години во Охрид се води погрешна политика во туризам. Градот има посилна моќ да привлекува туристи 365 денови во годината. Охрид треба да биде Барселона, Келн, своевиден Атлантик Сити, место за саемски, конгресен и здравствен туризам.“ – вели Зиков.

Инаку, Иницијативниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија го предводат Владо Чингоски и Зоран Стевоски.

OhridNews