Дваесет и шест точки ќе се најдат на дневен ред на 30-та седница на Советот на општина Охрид што ќе се одржи денеска.
 
Советниците ќе расправаат за предлог одлуката за измени на одлуката за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2011 година, извештајот за работа на Советот на општина Охрид за 2010 година, предлог одлуката за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за уредување за градежно земјиште за 2010 година, извештајот за реализација на Програмата за изведба и реконструкција на локални патишта и улици за 2010 година и.т.н.

OhridNews