Трета година по ред унгарската престолнина Будимпешта беше домаќин на најдобрите четири женски ракометни состави. Градот распослан на течението на реката Дунав посакува да стане епицентар на елитните клубски ракометни збиднувања.
– Унгарската ракометна федереација е горда што трета сезона по ред е домаќин на женскиот фајнал фор. Исто како што и тимовите со голема желба и нетпрение го очекуваат овој настан така и ние напорно работиме заедно со ЕХФ да им приредиме спектакл на ракометните фанови. Се надевам дека бројните фанови како во салата така и на малите екрани уживаа во овој неколкудневен фестивал на ракометот. Посакуваме Будимпешта да стане „главен“ град на женскиот ракомет и наредната 2017 сезона но и тие кои доааѓат да бидеме домаќини и организатори на вакви настани. – рече Мате Кочиш претседателот на Унгарскиот ракометна федерација.
И од ЕХФ не го кријат задоволство од изборот на Будимпешта за домаќин на мечевите за разигрување на титулата. Од таму потенцираат дека се што пронајдоа вистински партнер кој се грижи за развојот на ракометната игра.
– Тоа се само две сезони и се чини дека не е многу време, но женскиот ракомет мина долг пат во овие неколку сезони. Финалниот турнир на стартот во Мај е “маркиран“ во ракоментиот календар, за тимовите и фановите “Будимепшта“ е метафора за квалитетен ракомет исполент со возбудувања и моменти за паметење. Овде се судират најдобрите меѓу најдобрите во желбата за нова титула. – вели Жан Брио, претседател на ЕХФ.
Две унгарски легенди Ласло Пап и Ференц Пушкаш еден до друг Боксерската легенда на Ласло Пап живее во раметната арена која го носи неговото име. Прославениот унгарски боксер кој освои три последователни злата на Олимпијадите во 1948, 1952 и 1956 правејќи го еден од најдобрите светски боксери.
Во декември 1999 година “Арената Будимпшта“ изгоре до темел. Набрзо после оваа катастрофа во периодот од 2001 до 2003 беше изградена новата супер модерна арена која има капацитет од 12500 гледачи. “Ласло Пап“ беше домаќин на Европските првенства во 2004 и 2014 година, како и на последните три изданија од фајнл фор. Покрај ракометни се одржуваат уште и бројни кошаркарски но и мечеви во хокеј на мраз. Таа е распространето на 25,000 квадратни метри а со сета своја конструкција тежи преку 200 илјади тони.
Недалеку од Арената е лоциран фудбалскиот стадион кој го носи името на најдобриот унгарски фудбалер на сите времиња Ференц Пушкаш. Актуелниот стадион има капаците од 32 илајди гледачи, но во далечната 1956 година намечот Вашаш – Рапид според извештаите присуствувале преку 100 000 илјади гледачи за мечот.
Поради започнатата реконструкција стадионот од 2013 година е вон употреба. Според новите планови тој треба да има капаците од 60 илади глеадчи. На него своите мечеви ќе ги игра фудбласката репрезентација на Унгарија која ќе биде дел од престојното Европско фудбалско првенство во Франција.
М.П.