– Доста е од приказни за местење. Само ние се сомневаме во таквиот исход од мечот. Ако при крајот е 2-2 вистина кој ќе запне да постигне погодок, логично никој. Па тоа им одговара и на двете селекции. Со такви најави јавноста ја прикрива нашата слабост на ова ЕП. Нон стоп бараме алиби како да се извадиме за слабите настапи. Ние што треба да направиме е да ја совлада Република Ирска, па Хрватска и Шпанија нека си одиграат за себе – порача голманот на “азурите“ Буфон.
Капитенот на италијанската репрезентацијата Буфон имаше низа критики за италијанската јавност која повеќе се пишувала за пропратни работи него за Европското првенство.
– На што се даваше внимание пред почетокот на ЕП ?? Прво се пишуваше за кој е хомосексуалец во репрезентацијата. Кој го подржава селекторот, фудбалерите или кој е против. Стварно доста е, оставетене да играме фудбал – заврши популарниот Џиџи.