Џајнлујџи Буфон кариерата ќе ја заврши во Јувентус откако двете страни го продолжија договорот до истекот на сезоната 2017/2018.
Моментално, голманот има 38 години, а по истекувањето на договорот ќе има полни 40 што значи дека ќе ја заврши кариерата во дресот на „старата дама“.
Буфон во Јувентус се пресели во 2001 година од Парма за трансфер од 53 милиони евра што се уште преставува рекорд за еден голман во светот на фудбалот.
Сега веќе легендарниот голман за Јувентус има речиси 600 настапи, а има освоено седум титули во италијанската Серија А.
Покрај попупарниот „Џиџи“ договорот го продолжи и Андреа Барѕаљи кој исто така најверојатно ќе ја заврши кариерата во Јувентус.
OhridNews