Чуварот на мрежата на Јувентус Џанлујџи Буфон е најдобар голман на светот за изминатата деценија во изборот на германскиот Институт за историја и статистика во фудбалот (IFFHS).


Касиљас кој во последните три години е број еден во светот, остана зад Буфон со само пет бодови помалку. На третото место заврши голманот на лондонски Челзи Петр Чех, додека голманот на Манчестер Јунајтед Едвин ван дер Сар го истисна Оливер Кан од четвртата на петата позиција.


На листата се најдоа вкупно 76 голмани. Од Европа се 44, од Јужна Америка 21, петтмина има од Северна Америка, четворица од Африка и по еден од Азија и Океанија.

Десетте најдобри голмани за изминатата деценија:

1. Џанлујџи Буфон (Италија) 182.2
2. Икер Касиљас (Шпанија) 177.3
3. Петр Чех (Чешка) 138.4
4. Едвин Ван Дер Сар (Холандија) 105.5
5. Оливер Кан (Германија) 99.6
6. Дида (Бразил) 90.7
7. Јенс Леман (Германија) 72.8
8. Роберто Абонданзиери (Аргентина) 68.9
9. Виктор Владес (Шпанија) 64
10. Жулио Цезар (Бразил) 63 бодови.

Ohridnews