Голманот на Јувентус, Џајнлујџи Буфон од натпреварот со Милан во 1/2 финалето во Купот на Италија додаде нов сувенир во својата колекција. Буфон после завршување на мечот го размени дресот со Даниеле Малдини, кој е син на прославениот фудбалер на „росонерите“, Паоло Малдини.

Со дресот од Даниеле, Буфон ја комплетираше колекција дресови од неколку прославени играчи и нивните синови. Италијанскиот голман низ смеа рече дека следно ќе ги чека нивните внуци.

Во мојата колекција на дресови имам од Енрико Киеза и син му, од Лилијан Турам и син му, од Жорж Веа и син му, а ми фалеше од синот на Паоло Малдини и синоќа го добив. Сега ќе чекам од нивните внуци. изјави Буфон.

Буфон со дресот на Даниеле Малдини.

Првиот натпревар на стадионот „Сан Сиро“ помеѓу Милан и Јувентус заврши без победник 1-1.

OhridNews