Фудбалската федерација на Македонија ги разгледува понудите за одигрување пријателска средба во месец мај во терминот резервиран за контролни натпревари на селекциите учеснички на мундијалот во Јужна Африка.


Македонија на трети март ќе игра против Црна Гора, додека во август закажа пријателски меч против Малта, а во мај се размислува за гостување кај селекцијата на Бугарија.

Во игра се уште неколку опции и тоа репрезентациите на Босна и Херцеговина, Лихтенштајн и Јужна Кореја, а се разлгедува и понудата на репрезентацијата на Велс.

Дуелот треба да се одигра во периодот од 20 до 28 мај.

Ohridnews