Бугарите бараат поширока експертиза за потонувањето на бродот „Илинден“
17.01.11 16:28
Судскиот процес за потонувањето на бродот „Илинден“ ќе продолжи на 18-ти јануари во Основниот суд во Охрид. Обвинети за несреќата во која животот го загубија 15 бугарски туристи се капетанот на бродот Сотир Филески и претставникот на осигурителната компанија „Лојд“ Бранко Бајиќ, кој не се појави на првото рочиште бидејќи уредно не му била врачена поканата од судот, поради што процесот беше одложен. Исто така бранителите на дел од оштетените бугарски граѓани немаа уредни полномошна.
На утрешното рочиште, според пишувањата на медиумите во соседството, се очекува бугарските адвокати да побараат нова, поширока експертиза за протонувањето на бродот „Илинден“. Тие не биле задоволни од извршеното вештачење и бараат во докажувањето на причините за несреќата да се вклучат експерти за морски води.
Бродот „Илинден“ потона на 5 септември 2009 година во близина на кампот Елешец на длабочина од околу 6 метри. На бродот кој бил регистриран за 45 патници во критичниот момент заедно со посадата имало 57 лица.
Еден од најзначајните гудачки квартети на денешницата, „Модиљани“ од Франција вчеравечер музицираше на „Охридско лето“ воодушевувајќи ја фестивалската публика со нивната совршена изведба и внимател...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците „7 -ми Ноември“, дел од „Даме Груев“ , „Богомилска“ и дел од Бул„Туристичка“, ...
Овој проект за мене претставува нешто многу повеќе од уреден простор, тоа е резултат на долгорочна посветеност, вложена енергија и искрена поврзаност со Охрид и со неговите луѓе Реновираната експоз...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.