Бугарите заинтересирани за изградба на елитни хотели во Охрид
21.02.07 17:48
Бугарски бизнисмени се заинтересирани за изградба на елитни хотели на охридското крајбрежје. Ова го обелоденија градоначалникот на Охрид Александар Петрески и заменик министерот за туризам на Бугарија Христо Христов. Тие се сретнаа во Охрид, при што било разговарано за интензивирање на соработаката во областа на туризмот.
Христо Христов и Александар Петрески во Охрид
“Како инвеститори сме заинтересирани за изградба на нови-бренд хотели на охридското крајбрежје.Би сакал меѓутоа да ви предложам дека е добро да донесете еден Закон за туризам со кој ке ја зачувате неповторливата автентичност на Охрид, затоа што тоа ќе ви донесе туристи. Немојте да ја направите грешката што ние ја направивме во Бугарија во Банско и на Црно Море, кои со интензивна градба ги променивме, а со тоа само се губи. И предлагам на локалната самоуправа да се залага за изградба на малку но елитни хотели“, рече заменик министерот за туризам на Бугарија, Христо Христов.
Градоначалникот Петрески рече дека влегувањето на Бугарија во ЕУ позитивно ќе се одрази и на Македонија. “Чувствуваме дека Р. Бугарија сака да ни помогне што побрзо да влеземе и ние воЕвропа Веќе имаме интензивна соработка на повеќе полиња, а на 9-мај, денот на Европа, во Благоевград ќе оствариме средби со повеќе бугарски туроператори. Македонските туристи се чести гости во Бугарија, а Бугарите редовно во голем број доаѓаат во Охрид, така што ние треба да ги развиваме нашите односии, особено во областа на туризмот“, истакна Петрески.
Петрески рече постојат повеќе заинтересирани инвеститори кои сакаат да градат елитни хотели во Охрид и дека меѓу нив има и бугарски бизнисмени.
Сообраќајна несреќа се случи вечерва на булеварот “Туристичка” во близина на кружниот тек кај Градскиот пазар Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило и мотоцикл Со повреди,...
На 05122025 година во 08:50 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 46-годишно лице од Охрид, кој претходно, кај каналот „Студенчишта“, физички нападнал едно лице, по што, на булеварот „Македонски ...
Државата не се гради со зборови, туку со карактер, иднината не ја носат храбрите говори, туку храбрите одлуки и во животот на секоја генерација постои момент кога историјата престанува да биде учеб...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.