СВР Охрид поднесе кривична пријава против бугарските државјанки А.М.Г.(28) и С.Т.Д.(32) за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ во обид и „кражба“.

На 18.05.2009 година, во Охрид  пријавените за време на нивниот туристички престој, користејќи згодна прилика од чантата на В.Л. од Охрид одзеле паричник во кој имало 2.000 денари, документи и две кредитни картички, по што истиот ден се обиделе да извадат пари од банкомат, но бидејќи трансакцијата била неуспешна,  ја уништиле картичката. Истражен судија на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по осум дена.

Кривична за лажен стечај

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К.(35) од Охрид, управител на ТДПТУ „Моби Дик“ увоз-извоз ДООЕЛ-Охрид за сторено кривично дело „лажен стечај“. Во јануари 2009 година, пријавениот со намера да избегне обврски за плаќање кон доверителот „Сами Трејд“ ДООЕЛ увоз-извоз, извршил книговодствено расходување на основните средства на „Моби Дик“ и стоката со поминат рок на употреба, потоа извршил отстапување на имотот без надоместок, а како физичко лице купил и две патнички возила сопственост на „Моби Дик“. На тој начин пријавениот оттуѓил и расходовал имот на „ТД Моби Дик“ во вредност од 2.758.838 денари, соопшти МВР.

извор: МВР