На претседателскиот самит кој на 1-ви јуни ќе се оддржи во Охрид, своето учество го откажал бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, јавува „Дневник“.

Инаку, на самитот ќе присуствуваат претседателите на Албанија, Хрватска, Молдавија, Романија, Србија, Црна Гора, Словенија, претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина и Министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давуоглу.
Потврда за присуство на претседателскиот Самит се чека уште од првиот човек на Грција, Каролос Папуљас, кој најверојатно нема да допатува во земјава.
OhridNews












