Оваа информација деновиве ја објави бугарската новинска агенција “Новините“. Според неа, обвинение е покренато против Борјана Георгиева, која нудела услуги како тур оператор, иако немала соодветна лиценца за тоа.
Големата трагедија во водите на Охридско Езеро се случи во септември, минатата година кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животите ги загубија 15 бугарски државјани. Истрагата за несреќата што ја спроведуваа македонските власти беше затворена на крајот на март. Охридското Јавно обвинителство поднесе обвинение против капетанот на бродот, Сотир Филески, и инспекторот на „Лојд“, Бранко Баиќ, кој издал уверение за способност за пловидба по Охридското Езеро.