Колони автобуси и комби возила доцна попладнево се слеваат во Охрид каде владејачката ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе одржи митинг со кој ќе започне претседателската кампања на актуелниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов кој атакува на втор мандат.

 

Главната градска сообраќајница, булеварот „Туристичка“ буквално е закрчен, а сообраќајот го контролира полицијата, а поради митингот на најфрекфентните улици и во центарот на градот денеска е воведен посебен сообраќаен режим.

 

На митингот се очекува да се обратат лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Никола Груевски и кандидатот за претседател Ѓорѓе Иванов. Претходно тој имаше средби со жителите од Велгошти  и општина Дебарца каде попладнево се одржаа собири.

OhridNews