Волфсбург и Хамбургер, вeчерва, ќе го отворат 27-то коло во германската Бундес лига, додека дербито ќе се одигра во сабота, во вечерниот термин, а актери ќе бидат фудбалерите на Шалке и Баер Леверкузен.
Хамбургер во незгоден момент гостува во Волзбург, домаќинот е во мини серија од две победи, а без пораз е на последните три меча.
Хамбургер, по серијата лоши резултати, четири порази, од кои три во серија, на последните пет натпревари, се врати во опасната зона. Екипата на тренерот Торстен Фингс има само два бода повеќе од местото кое води во втората лига.
Лидерот на табелата Борусија Дортмунд, во недела ќе му гостува на Келн, додека Баерн, кој на последните четири натпревари постигна 20 погодоци, за противник ќе го има Хановер.
Борусија Менхенгладбах, по елиминацијата во полуфиналето на националниот куп, рехабилитација ќе бара против Хофенхајм, екипа која игра во исклучително променлива форма.
Мајнц, на македонскиот репрезентативец Николче Новевски игра по системот топло-ладно, во оваа рунда ќе има можност да освои три бода против Херта, екипа која на последните пет натпревари, четири пати загуби.
Петок, 23. март: Волфсбург-Хамбургер
Сабота, 24. март: Баерн Минхен-Хановер, Борусија Менхенгладбах-Хофенхајм, Фрајбург-Кајзерслаутерн, Мајнц-Херта, Вердер-Аугзбург, Шалке-Баер Леверкузен
Недела, 25. март: Штутгарт-Нинберг, Келн-Борусија Дортмунд
Табела: Борусија Д. 59, Баерн 54, Борусија М. 51, Шалке 50, Баер Л. 40…
“макфакс“
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com