Екипата на Шалке ниту во четвртиот обид од рестартот на сезона во Бундес лигата не успеа да освои бод, откако претрпе нов пораз. Овој пат подобар од составот на Шалке беше тимот на Вердер Бремен, која на „Велтинс Арената“ победи со минимални 0-1. Гостите од Бремен погодокот вреден три бодови го постигнаа во 32-та минута од првиот дел. Стрелец на голот беше Битaнкурт.

Победи на гостински терен покрај Вердер Бремен забележаа Ајнтрахт Франкфурт кој победи со 2-1 кај тимот на Волфсбург и тимот на Хофенхајм кој славеше со минимални 1-0 на гостувањето во Мајнц. Предноста на домашниот терен ја капитализираше само Херта, која со сигурен резултат 2-0 го совлада Аугсбург.

Денешната програмата во Бундес лигата ќе се комплетира со мечот помеѓу Баерн Минхен и Фортуна Диселдорф во 18 часот и 30 минути.

Резултати:

Херта – Аугсбург 2-0

Мајнц – Хофенхајм 0-1

Шалке – Вердер Бремен 0-1

Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт 1-2

Баерн Минхен – Фортуна Диселдорф

OhridNews