Клубовите долги години се пријатели, а нивните навивачки групи се збратимени. Со тоа паднало договор за гостување на бундеслигашот во Скопје. Тоа го потврди претседателот на “црвено црните“ Горан Митев.
– Во текот на вчерашниот ден официјално добивме потврда од бундеслигашот Шалке 04 дека еден од најголемите германски клубови е подготвен да биде гостин на ФК Вардар. Интензивните преговори на крајот вродија со плод. Секако подготвени сме да организираме вистински спектакл пред се во интерес на македонскиот фудбал. Единствено останува дефинитивниот договор околу терминот на одигрување на средбата, дали ќе биде 24. мај или 25. мај. Тоа ќе зависи и од договорот со ФФМ околу распоредот на натпреварите во последните две кола од домашното првенство – потенцираше Митев.
Сега на потег е Фудбалската федереција на Македонија која за да се одржи овој спекткал ќе мора претпоследното и последното коло од Првата македонска фудбалска лига да ги пролонгира за една седмица.