– Од југ нема никаков објект, а од западна страна боровите се уште постојат и тие и понатаму ќе се гледаат од езерото, објектите нема да се толку големи колку што се зборува. И од источна страна остануваат боровите. Од север и сега имаме градби. Се следи максимално конфигурација на теренот, од најниската до највисоката точка. Објектите нема да бидат повисоки отколку што е Светиклиментовата црква, вели Паскали – Бунташеска.
Бунташеска информира дека градежните работи се изведуваат според предвиденото темпо и дека се очекува да не се надмине рокот од 26 месеци од почетокот на градежните работи.
Истовремено се градат двата комплекси со објекти. Во првиот Светиклиментовиот музеј, Светиклиментовата библиотека и Центарот за хуманистички науки. Од источната страна се градат манастирскиот конак и резиденцијалниот објект на МПЦ.