Бурата Кјара проследена со силен ветер и дожд зафати неколку земји во Европа. Стотици летови се откажани во Германија, илјадници домови останаа без струја, а најмалку едно лице загина во бурата што го погоди западниот дел од континентот.

фото:Euronews

Бурата прво ја погоди Британија, а потоа се премести кон Франција, а од таму кон Полска.

Во Минхен беа откажани 420 летови, во Франкфурт 190 и околу 150 во Дизелдорф и Келн. Во Шведска еден човек загина, а друг се води за исчезнат откако се превртел нивниот брод. Невремето ги зафати и Данска, Норвешка и Финска. Околу 10 000 домаќинства во Британија се без електрична енергија, а во Франција со ист проблем предизвикан од бурата се соочија 130 000 домаќинства. Слична е состојбата со електричната енергија и во Полска.

Невремето предизвика материјални штети и во Белгија, а во Швајцарија, каде што ветерот дуваше со 148 километри на час.

OhridNews