Ноќеска во 02 и 35 часот ТППЕ – Охрид добила дојава за опожарена куќа во која имало и муниција.

Веднаш било интервенирано со 4 возила и спречено е проширување на соседната куќа која е прилепена до опожарениот објект. Од ТППЕ во објавата на официјалниот профил на Фејсбук се пожалија дека биле попречувани при интервенцијата.

Пожарникарите гаснат во отежнати околности,голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот.Храброста и пожртвуваноста на Охридските пожарникари е очигледна.За среќа нема повредени лица. АПЕЛ до СВР-Охрид да ги санкционираат сите чинители кој вршат попречување во извршувањето на нашите должности на терен. – стои во објавата на ТППЕ Охрид.

Охридските пожарникари и денеска имаа полни раце работа. Опожарена биула поголема површина на отворено, а благодарение на интервенцијата, спречено е ширење на пожароит, за кој се претпоставува дека е предизвикан од човечки фактор.

OhridNews