Зимскиот преоден рок во Првата македонска фудбалска лига помина неочекувано бурно. Голем дел од екипите се засилуваа, а неколку звучни имиња се вратија во татковината.


Најмногу се засилуваше последнопласиранит тим во лигата Тетекс, кој речеси донесе нов тим во зимскиот преоден рок. Тренерот на “штофарите“ Ѓорги Тодоровски “Џони“ со засилувањата пред себе ќе имаат тешка задача да го извлече клубот од најлошото, испаѓање од елитата.

По назначување за тренер во есенскиот првак Вардар, поранешниот селектор Никола Илиевски “Џиџи“ веднаш се ослободи од неколку фудбалери, за да направи место за нови. Најзвучно засилување во зимскиот трансфер период за “црвено црните“ е поранешниот репрезентативец Ацо Стојков.


Од екипите во Првата македонска фудбалска лига најлошо во зимскиот трансфер мина Шкендија. Од редовите на тетовчани заминаа доста фудбалери поради финансиски проблеми, а во тимот го доведоа поранешниот фудбалер на “рибарите“ Шаќири.

За одбележување е враќањето на повремениот репрезентативец Баже Илојоски во составот на Работнички, а значајна улога во трансфер пазарот имаше и Брегалница, која се засили со квалитетни фудбалери.


Охридскиот стратег на клупата од Напредок, Драган Бочески не пазараше премногу во паузата помеѓу двете полусезони и заедно со Пелистер доведоа најмалку фудбалери.

Стартот на втората полусезона од македонскиот фудбалски шампионат е закажан за четврти март.

Мх.П.