„Рибарите“ прокинижија три бодови на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад, совладувајќи ја Дрита со високи 5-0. Со петтиот триумф сезонава, охриѓани, се пробија помеѓу најдобрите четири екипи и на најдобар можен начин го започнаа малиот маратон натпревари во второлигашкиот шампионат.

Сакам да им честитам на моите соиграчи и стручниот штаб за победата. Јас и сите други во клубот ќе бидеме многу среќни, ако во ваков ист ритам продолжиме и во следните мечевите, кои не очекуваат. Многу време за одмор и размислување немаме, туку мора веднаш да се насочиме кон дуелот со Скопје. Мора на секој меч да даваме максимум, бидејќи само така ќе можеме да ги исполниме нашите цели планови. – изјави стрелецот на првиот погодок Бурхан Алији.

Тактички мечот го започнавме со висок пресинг, со кој ја чувавме топката во наш посед и не дозволивме шанси пред нашиот гол. Сепак, гостите добро се бранеа и ние тешко стигнувавме до шанса. Алији со прекрасен погодок од слободен удар го отвори резултатот и потоа беше многу полесно да се игра. Има некои грешки кои ги направивме, а не смееме, но мислам дека од меч во меч сме се подобри. Во вториот дел нашата физичка надмоќност дојде до израз и со четири погодоци го заокруживме натпреварот. – рече тренерот на Охрид, Марино Маркоски.

В среда, Охрид, гостува во Скопје кај истоимената екипа, а следната сабота, на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречека Велазерими.

OhridNews

 

Охрид ја надигра и совлада Дрита

Втора МФЛ: Скопје се одлепи на врвот, Охрид се проби во топ 4