И покрај студеното и врнежливо време, пештанци денеска се искапија во езерските води за Денот на рибарите. До големото буре со вино прв доплива Александар Гугоски.
До малото буре со вино, пак, прв доплива Марино Палоски.
На Св. Јован завршува забраната за лов на пастрмка, позната во охридско како „татиљ“. Во наредниот период ќе започне риболовот за потребите на вештачкиот мрест на пастрмка што го спроведува концесионерот на Охридското Езеро.
OhridNews













