Нема повеќе не поразени екипи во Првата машка ракометна лига, откако лидерот на табелата Бутел го положи оружјето во Струга претрпувајќи пораз 21-18 (8-11) во дербито од 16-та рунда.
Ракометарите на Струга до триумфот во пресметката со перфектниот тим на Бутел стигнаа со пресврт во второто полувреме. Првото комплетно им припадна на гостите кои имаа три голови предност.
Со победата над водечката екипа во Првата лига, Струга дојде до бод негатива од второпласираниот Металург Јуниор и комплетно се врати во игра за пласман на местата кои водат во елитното друштво.
Одличен на голот од Струга беше Александар Стојаноски со 16 одбрани, а најпрецизни беа Јанкулоски со 8 и Белески со 5 голови. Кај гостите се истакна Печенковски.
OhridNews