Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 51-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.


Тој, како царински службеник, на граничниот премин „Блато“ на македонско-албанската граница, извршил пропуштање на криумчарена разновидна прехранбена стока без декларација, сопственост на лице од Дебар и овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување на царинска контрола и наплата на увозни давачки, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Со тоа, на лицето од Дебар му овозможил да се стекне со противправна имотна корист во износ од околу 468.000 денари.

OhridNews