Големиот пожар во светски познатата катедрала Нотр Дам е целосно изгаснат, соопшти противпожарната служба во Париз. Пожарот избувна вчеравечер на покривот и брзо се прошири на површина од околу 1.000 квадратни метри.

Во Париз илјадници луѓе се собраа во близина на црквата, на кои им се придружи и францускиот претседател Емануел Макрон кој ги увери дека Богородичната црква во Париз ќе биде обновена.

Околу 400 пожарникари се бореа да ги спасат главните камбанарии на црквата. Тие, побрзаа од пламените јазици да ги извлечат и религиските реликвии и бесценетите уметнички дела сместени во Богородичната црква во Париз. Огнот екстремно брзо се прошири на покривот. Се смета дека тоа е поради дрвените греди кои датираат од 12-от век.

Пожарникарите објавија дека основната структура, фасадата и камбанариите се спасени.