Охрид деновиве го живее шпицот на уште една ковид туристичка сезона, во која повторно градот се соочува со сериозни проблеми предизвикани од несоодветниот однос на дел од посетителите, за жал, во најголем дел млади, кои секое нивно собиралиште го претвораат во депонија. Таков е случајот и со платото пред Центарот за култура кое утрово беше затрупано во смет по вечерната седенка.

Не е поштедено ниту Охридското Езеро, кое деновиве е преполно со смет кој се фрла во заштитеното светско природно наследство.

Во градот воведена е 24-часовна служба за чистење во обид да се амортизира притисокот предизвикан од големиот наплив на туристи, но службите за одржување на јавната чистота тешко се справуваат со ситуацијата поради лошите навики и ниската еколошка свест што ја покажуваат дел од посетителите

OhridNews