Несовесни граѓани редовно во овој период од годината палат стрништа и трска, неретко предизвикувајќи пожари со големи штети, како тој од пред неколку дена во Дебело поле, каде угинаа голем број птици и други животни и беа уништени нивните природни живеалишта.


Вчера облак од чад се издигаше од Горица, а пламени јазици се шетаа и покрај магистралата Охрид – Кичево.


И покрај апелите на надлежните да не се палат стрништа и природни површини, оваа лоша практика и натаму е присутна, а предизвикувачите на пожарите најчесто минуваат неказнетo.

OhridNews