Ракометарите на Охрид во сабота во рамки на 7-то коло од плеј-офот во Супер лигата гостуваат кај екипата на Еурофарм Пелистер.

 

Играме со Пелистер кој во два наврати избори тесни победи во Охрид кои можеа да имаат и друг конечен исход. Во Битола ќе биде малку потешко, но, одиме да се надигруваме и покрај некои проблеми што ги имаме во ростерот. И покрај се ние имаме квалитет и се надевам дека ќе одиграме добар натпревар, вели голманот Градимир Чаневски.

Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот.

OhridNews