Искусниот голман Градимир Чаневски кој две сезони беше дел од ГРК Охрид, е старо-нов играч на Бутел. Тој ќе му се стави на располагање на Стојанче Стоилов кој го предводи новиот проект на Ракометниот клуб Бутел.

Нова средибна има и пивотменот Владимир Бојаниќ кому исто така му заврши договорот со ГРК Охрид. Тој ќе биде дел од новиот суперлигаш Младост Богданци кој го предводи охриѓанецот Горан Андоновски.

Бојаниќ во Богданци ќе му се придружи на Даниел Андоновски кој е еден од носителите на играта на Младост.

Г.М.