Познати се сите патници во полуфиналето на 27-то издание на турнирот во мал фудбал Богородица куп во Волино.

Синоќа,Чардак Велгошти беа подобри од Аце Најдески, а Брумел ја совлада екипата на Екстра Скопско.

Резултати 1/4 финале 25.08.2025, понеделник

21:00 Чардак Велгошти – Аце Најдески 5:2
22:00 Брумел – Екстра Скопско 2:0

Во полуфиналето, вечерва, се среќаваат Брумел и Инекс Олгица, односно Сатеска и Чардак Велгоши.

Натпреварите се играат од 21 и 22 часот и ќе бидат пренесувани во живо на Фејсбук платформата на турнирот Богородица куп.

Г.М.