Во недела, 23- ти октомври, во кафе- барот Ликвид со почеток во 21 часот, Ротаракт Клуб- Охрид со пригодна свеченост ќе го прослави и официјалното добивање на одобрението за работа од страна на Rotary Internacional.

Ротаракт клубот во Охрид функционира од месец април годинава, од кога започна со реализација на неколку проекти.

На забавата се поканети сите Ротари и Ротаракт клубови од Македонија, претставници од Лајонс клубовите, медиуми, невладини организации и институции од градот.  

Средствата кои ќе се соберат од влезниците кои чинат 700 денари ќе се искористат за хуманитарни цели, информираат од Ротаракт клубот.

OhridNews