Словенецот Мартин Чатер е победник во велеслаломот на 37-то издание на Шарпланинскиот куп кој од 5-ти до 7-ми март се одржува на Попова Шапка.


Франц Промок од Австрија го освои второто место а Стефан Георгиев од Бугарија го освои третото место.

Од македонските натпреварувачи најдобро возење имаше Антонио Ристевски кој ја освои осмата позиција со време од 158.77, Дирзан Дехари се пласираше на 13-та позиција,Бесар Иљази се пласираше на 28-та а Гентијан Куртеши веднаш зад него на 29-та позиција.

Во овогодишното издание на Шарпланинскиот куп Македонија е
претставувана од 6 скијачи а Грција е државата со најмногу претставници
на Попова шапка дури 27.

Утре претпладне е закажана трката во слалом.

Ohridnews
извор: „Макфакс“