Еден од најдобрите светски играчи
за врска Чави Ернандес  мечот против
Леванте беше неговиот 549 во дресот на Барселона со што го изедначи клупскиот
рекорд на бекот Мигуели кој настапуваше за Барселона во периодот од 1973 до
1989 г.

Чави во Барселона е од мали нозе, дебитантскиот настап и тоа
со погодок го имаше во 1998 година во шпанскиот Суперкуп против  Мајорка. На 3 Октомври 1998 година го
забележа првиот настап во Ла Лига против Валенсија и тоа со победа од 3-1.

Чави беше дел од тимот на Луи Ван Гал, а по
повредата на сегашниот ментор Пеп Гвардиола, Ернандес доби шанса во средината
на теренот која и тоа како ја искористи. 
Зад него се импозантните бројки: 367 настапи во шпанското првенство,45 во Копа Дел Реа 123 во Европските купови и 14 во останатите конкуренции

Во 2008-та Чави беше прогласен за најдобар играч во финалето
од Лигата на Шампиони, додека некој месец подоцна по триумфот на “црвената
фурија“ на европскиот шампионат, го понесе епитетот најдобар на првенството.

За шпанската фудбалска репрезентација Чави одигра 98 мечеви постигнувајќи 12 гола, и  ги освои титулите европски шампион во
2008 г. и светски фудбалски првак во 2010 г.

Годинава се наоѓа на потесниот избор за носител на големото
признание како можен освојувач на „Златната топка“ за минатата година, а во
конкуренција со него се и клупските соиграчи Лионел Меси и Андрес Иниеста.

Изборот ќе биде соопштен на 10-ти јануари.

M.П.