Фудбалерот на Барселона, Чави Хернандез, во анкетата на Институтот за фудбалска историја и стратегија (ИФФХС) е избран за најдобар светски плејмејкер.

Во анкетата на Институтот учествуваа уредници од медиуми и стручњаци од 81 земја во светот, на Чави му доделија вкупно 232 бода. Шпанскиот репрезентативец на овој начин по четврти пат последовно го освои ова признание.

Второто и третото место во анкетата ги освоија соиграчите на Чави, Лионел Меси и Андрес Иниеста. Топ 5 во анкетата го затвораат фудбалерите на Реал, Месут Езил и Кристијано Роналдо.

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, потврди, дека Дејвид Бекам нема да потпише договор со оваа екипа. Според Леонардо, Бекам, од фамилијарни причини нема да се пресели во Париз.

„Штета. Дејвид сакаше да дојде во Париз, но поради семејството, кое е во Лос Анџелес, и желбата да не прави промени во животот, тој нема да дојде во Пари Сен Жермен. Неговото недоаѓање нема никаква врска со ангажманот на Карло Анчелоти“, рече Леонардо. Бразилецот верува дека Бекам ќе остане во екипата на ЛА Галакси.

Бекам во Лос Анџелес се пресели во 2007 година, а во ноември минатата година тој со Галакси ја освои титулата во МЛС лигата. Договорот со Галакси на Бекам му истече на 31. декември.

“Макфакс“
Ohridnews