Водечкиот Манчестер Јунајтед пропушти вистинска прилика да се одлепи на  девет бодови пред Арсенал на врвот во Премиер Лигата, откако “црвените ѓаволи“ ремизираа без голови 0-0 на гостувањето кај Њукасл.


Дуелот на “Сент Џејмс Парк“ помина во знакот на отворен и агресивен фудбал во кој недостигаа само погодоци. Најголемата можност за избраниците на Сер Алекс Фергусон не ја искористи ветеранот Рајан Гигс во вториот дел од натпреварот промашувајќи “зицер“ позиција.


Вонредното коло во најсилната лига во Англија продолжува со натпреварите Тотенхем – Арсенал, Челси – Бирмингем.

Мх.П.