Министерството за внатрешни работи во соработка со финансиската полиција, јавното обвинителство за организиран криминал и СВР Охрид  ќе го испитуваат работењето на претходната локална самоуправа и екс градоначалникот на општина Охрид, поради постоење на основи на сомневање за извршен финанскиски криминал и корупција.


– Одредени состојби укажуваат на постоење на криминални активности во работењето на претходната локална власт и екс градоначалникот. Засега тоа е во форма на основи на сомневање, но тоа е доволно да се интензивираат нашите активности и да ги продлабочиме истражувањата, изјави директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

За ваквите сомневања и понатамошните мерки кои ќе бидат преземени, Чавков го информирал и градоначалникот Никола Бакрачески со кој денес оствари работна средба.


Првиот човек на Бирото за јавна безбедност се сретна и со надлежните во СВР Охрид, со кои беа разгледани мерките и активностите кои ќе бидат преземени со цел зголемување на безбедноста во текот на претстојната туристичка сезона.

Т.Кувенџиска